Илхам Алиев: Преку ТАНАП во Турција се испорачани повеќе од 1 милијарда кубни метри природен гас

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев истакна дека со посредство на Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) во Турција се испорачани повеќе од 1 милијарда кубни метри природен гас

Илхам Алиев: Преку ТАНАП во Турција се испорачани повеќе од 1 милијарда кубни метри природен гас

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев говореше на Петтиот министерски состанок на Советодавниот совет на проектот Јужен гасен коридор што се одржува денеска во главниот град Баку.

Алиев во оваа пригода истакна дека со посредство на Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) во Турција се испорачани повеќе од 1 милијарда кубни метри природен гас.

Велејќи дека се изградени трите столба на Јужниот гасен коридор составен од Шах Дениз 2, гасоводот Јужен Кавказ (СЦП), Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) и Трансјадранскиот гасовод (ТАП), и се завршени 85 отсто од работите и во последниот столб Трансјадранскиот гасовод (ТАП), Алиев појасни дека проектот достигна до успех со екипно работење.

Илхам Алиев потсети дека минатата година беше реализирано свеченото отворање на Јужниот гасен коридор во Азербејџан и на Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) во Турција, Алиев рече: „Чувствуваме задоволство од ставањето во примена на проектот. Со посредство на ТАНАП во Турција се испорачани повеќе од 1 милијарда кубни метри природен гас. Наредната година ќе заврши и проектот Трансјадранскиот гасовод (ТАП).“

Тој привлече внимание дека азербејџанскиот природен гас претставува нов извор за енергетскиот пазар на Европа и додаде дека Јужниот гасен коридор истовремено претставува проект за енергетска безбедност.

Истакна дека без да постои енергетска безбедност тешко е да се воспостави националната безбедност.

Подвлекувајќи дека поголемиот дел од природниот гас што го извезува Азербејџан се добива од лежиштето Шах Дениз, Илхам Алиев рече: „Азербејџан располага со докажани 2,3 трилиони кубни метри природен гас. Меѓутоа, се реализираат работи за откривање и во други лежишта. Лежиштата Абшерон, Умид и Бабек би можеле да располагаат со голем потенцијал.“

Алиев потсети дека енергетските проекти обезбедуваат придонес и за соработките во други сфери и додаде дека приходите кои што се обезбедуваат од нафтата и природниот гас се пренасочуваат кон проекти од кои што ќе бидат обезбедени дополнителни приходи.

На Петтиот министерски состанок на Советодавниот совет на проектот Јужен гасен коридор што се одржува денеска во главниот град на Азербејџан, Баку, учествуваат високи функционери на  Европската унија (ЕУ), САД, Грузија, Бугарија, Италија, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Грција, Србија, Сан Марино, Романија, Туркменистан, Босна и Херцеговина и Унгарија.

Турција пак ја претставува министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез. 

 



Слични вести