Во топовските напади на Асадовиот режим врз Идлиб загинаа 5 цивили, а најмалку 6 мина за ранети

Режимските сили не престануваат со нападите и покрај постигнатиот договор од Сочи помеѓу Турција и Русија, за зацврстување на прекинот на огнот во подрачјето на градот Идлиб

1148344
Во топовските напади на Асадовиот режим врз Идлиб загинаа 5 цивили, а најмалку 6 мина за ранети

Во реализираните топовски напади од страна на режимот на Бешар Асад и терористичките групи во Сирија поддржани од Иран врз населените места во границите на областа за намалување на затегнатоста (зоната на деескалација) во Идлиб, животот го загубија 5 цивили, а најмалку 6 мина беа ранети.

Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран извршија топовски напади врз населените места Хан Шејхун и Маратинуман, селата Хабит, Дер ел Шаки и Тел Менис во границите на областа за намалување на затегнатоста (зоната на деескалација) во Идлиб и околината на калето Мадик и селата Шериа, Хувејз и Хавиџе во северниот дел на руралното подрачје на градот Хама.

Директорот за Цивилна одбрана (Белите беретки) на Идлиб Мустафа Хаџ Јусуф истакна дека режимските сили продолжуваат да реализираат систематски напади врз најголемите цивилни населени места на подрачјето на градот Идлиб каде што живеат стотици илјади цивили. 

Хаџ Јусуф рече: „Во нападот на населеното место Хан Шејхун извршен од страна на режимските сили животот го загубија 5 цивили, а повеќе од 6 мина се ранети.“ 

Во реализираните воздушни и копнени напади од страна на режимските сили врз подрачјето на градот Идлиб од почетокот на годината досега, животот го загубија 68 цивили, а повеќе од 260 мина се ранети.

Режимските сили не престануваат со нападите и покрај постигнатиот договор од Сочи помеѓу Турција и Русија, за зацврстување на прекинот на огнот во подрачјето на градот Идлиб.

Воените опозиционери пак, согласно потпишаниот договор на 17 септември 2018 година,  на 10 октомври 2018 година го повлекоа тешкото оружје со кое што располагаа во ова подрачје.

 

 



Слични вести