Европската унија воведува ограничување на емисиите на јаглероден диоксид за тешките возила

Комисијата на ЕУ соопшти дека на одржаните преговори меѓу Европскиот парламент (ЕП) и Советот на Европската унија е постигната согласност по прашањето на прописите со кои што ќе бидат ограничени емисиите на јаглероден диоксид за тешките возила

1148389
Европската унија воведува ограничување на емисиите на јаглероден диоксид за тешките возила

Земјите членки на Европската унија (ЕУ) и Европскиот парламент (ЕП) постигнаа договор за намалување за 30 отсто на емисиите на јаглероенд диоксид за тешките возила, до 2030 година.

Комисијата на Европската унија (ЕУ) соопшти дека на одржаните преговори меѓу Европскиот парламент (ЕП) и Советот на Европската унија е постигната согласност по прашањето на прописите со кои што ќе бидат ограничени емисиите на јаглероден диоксид за тешките возила, како што се камионите и автобусите.

Според тоа, емисиите на јаглероден диоксид за новите камипни до 2030 година ќе бидат намалени за 30 отсто во споредба со нивотот од 2019 година.

Со оваа регулатива за прв пат во рамките на ЕУ се воведува ограничување на емисиите на јаглероден диоксид за тешки возила, како што се автобуси и камиони

За да стапи во примена овој договор ќе треба официјално да биде одобрен од страна на Европскиот парламент (ЕП) и од Советот на Европската унија.

 



Слични вести