Во две последователни експлозии во Идлиб загинаа 13 цивили, а 50 мина се ранети

На улицата Кусур, едната од најпрометните улици во центарот на градот Идлиб беа експлодирани две возила натоварени со бомби прит што животот го загубија 13 цивили, а 50 мина се ранети

Во две последователни експлозии во Идлиб загинаа 13 цивили, а 50 мина се ранети

Во последователни експлозии на две возила натоварени со бомби во центарот на градот Идлиб кој се наоѓа под контрола на воените опозиционери и антирежимските групи во Сирија, животот го загубија 13 цивили, а 50 мина се ранети.

На улицата Кусур, едната од најпрометните улици во центарот на Идлиб беа експлодирани две возила натоварени со бомби.

Директорот за цивилна одбрана во идлиб Мустафа Хаџ Јусуф рече: „Првата експлозија се случи во попладневните часови на улицата Кусур. На местото на настанот каде што пристигнаа доброволните екипи за цивилна одбрана се случи втората експлозија. Во двете последователни експлозии животот го загубија 13 цивили. 50 цивили беа ранети. Меѓу загинатите се наоѓаат и тројца припадници за цивилна одбрана.“

Истакнувајќи дека на местото каде што беа експлодирани двете взила беше причинета голема материјална штета и во околните згради и продавници, Хаџ Јусуф додаде дека пожарите кои што се појавија поради експлозиите беа изгаснати од страна на екипите за цивилна одбрана.

Во меѓувреме, како што се дознава меѓу ранетите се наоѓаат и четворица новинари кои биле принудени да се иселат и да дојдат овде од Источна Гута.



Слични вести