Израел изврши топовски напад врз две набљудувачки кули на Бригадите Изедин ел-Касам во Газа

Израелските топовски единици ги гаѓаа набљудувачката кула во источниот дел на Бејт Ханун, и набљудувачката кула во источниот дел на Џебалије на северот на Газа, на Бригадите Изетин ел-Касам, военото крило на Хамас, во Појасот Газа

1147111
Израел изврши топовски напад врз две набљудувачки кули на Бригадите Изедин ел-Касам во Газа

Израел реализира топовски напад врз две набљудувачки кули на Бригадите Изетин ел-Касам, военото крило на Хамас, во Појасот Газа кој се наоѓа под израелска блокада.

Израелските топовски единици ги гаѓаа набљудувачката кула во источниот дел на месноста Бејт Ханун, и набљудувачката кула во источниот дел на месноста Џебалије на северот на Газа.

Од страна на палестинското Министесртво за здравство во Газа не беше објавено соопштение во врска со тоа дали во нападот има загинати или ранети.

Според објавеното писмено соопштение од израелската армија пак, за време на протестот „Големиот марш за  враќање“ во северниот дел на Појасот Газа бил ранет еден изарелски војник кој бил погоден од шрапнел.

Потоа израелската армија со топовски истерли погоди две позиции на Хамас.

Во меѓувреме, бројот на ранетите Палестинци во огнот отворен од страна на израелските војници за време на мирољубивите протести „Големиот марш за  враќање“ во Газа, се зголеми на 19 лциа.

Во објавеното соопштение од палестинското Министерство за здравство во Газа се истакнува дека во огнот отворен од страна на окупаторските сили беа ранети уште 7 граѓани кои учествуваа на протестот.

Како што се вели, здравствената состојба на едниот од ранетите Палестинци кој бил погоден со куршум во главата, била тешка.

Во претходното објавено соопштение од министерството беше истакнато дека бројот на ранетите изнесува 12.

Палестинците од 30 март 2018 година на границата меѓу Израел и Појасот Газа кој се наоѓа под израелска блокада, одржуваат мирољубиви протести под името "Големиот марш за  враќање".

Израелските војници пак, пукаат со вистински куршуми врз цивилниот народ кој бара да се врати назад на своите територии од кои беше прогонет и да биде укината незаконската блокада врз Газа која што се применува од 2006 година.

Во интервенцијата на изралските војници врз цивилите од 30 март досега се убиени над 230 Палестинци.

 



Слични вести