Претседателот Трамп прогласи итна национална состојба

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи итна национална состојба во земјата

1146662
Претседателот Трамп прогласи итна национална состојба

Американскиот претседател Доналд Трамп на одржаната прес конференција во Белата куќа прогласи итна национална состојба, изнесувајќи ги како причина насилствата кои што се случуваат на јужната граница на земјата.

Трамп откако информираше по прашањето го потпиша претседателскиот указ со кој е прогласена итна национална состојба во земјата.

По прогласувањето на итна национална состојба во земјата од страна на претседателот Трамп, водечките имиња на Демократската партија покажаа реакција на оваа одлука.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и сенаторот од Њујорк Чак Шумер објавија заедничко писмено соопштение по прашањето.

Во соопштението се вели следното: "Тоа што претседателот кој на незаконски начин една криза која што не постои ја прикажува како да постои претставува сериозно прекршување на нашиот устав и ја доведува нашата земја во понедоверлива состојба."

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес конференција што ја одржа вчера рече: "Во нашата земја во ужасен степен влегуваат опојни дроги. Поголемиот дел од нив доаѓаат од јужните граници. Затоа на јужните граници уапсивме мошне голем број луѓе. Итна национална состојба претходно беше прогласена низа пати дури и поради поедноставни причини. И од никого не се слушна глас. Ние не говориме за окупацијата на нашата земја."



Слични вести