Трамп ќе прогласи вонредна состојба

Трамп како што претходно најави, ќе го потпише законот за буџетот

Трамп ќе прогласи вонредна состојба

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс рече претседателот Доналд Трамп ќе го потпише законот за буџетот и на тој начин ќе обезбеди владата да биде отворена, додека во врска со граничната безбедност ќе прогласи вонредна состојба.

Портпаролката Сара Сандерс даде писмен одговор на прашањето во врска со тоа дали федералната влада ќе биде отворена.

Сандерс рече дека Трамп ќе го потпише законот за буџетот и дека нема да стане збор за повторно затворање на федералната влада.

Претседателот Трамп како што претходно најави, ќе го потпише законот за буџетот, но за да бидеме сигурни дека ја обезбедивме националната безбедност на границата и ја спречивме човечката криза, ќе ги преземе сите потребни мерки вклучувајќи ја и вонредната состојба.

Сандерс меѓудругото рече дека Трамп ќе го оствари ветувањето во врска со изградбата на безбедносниот ѕид на границата со Мексико и дека ќе ги презеде потребните чекори за заштита на границата.

Трамп не ја доби потребната буџетска поддршката од Конгресот за изградба на безбедносниот ѕид со Мекиско, поради што се подготвува да прогласи вонредна состојба и на тој начин да се обезбеди потребниот финансман.



Слични вести