Во самоубиствен напад во југоисточната иранска провинција Систан-Белуџистан загинаа 27 војници

Во соопштението на Иранската револуционерна гарда се вели дека во реализираниот самоубиствен напад на магистралниот пат Захидан-Хаш во југоисточната провинција Систан-Белуџистан загинаа 27 војници на Револуционерната гарда, а 13 војници се ранети

1144798
Во самоубиствен напад во југоисточната иранска провинција Систан-Белуџистан загинаа 27 војници

Во реализиран самоубиствен напад во провинцијата Систан-Белуџистан во Иран чија цел бил автобус кој превезувал припадници на пограничната сили на Иранската револуционерна гарда загинаа 27 војници, а 13 се ранети.

Според веста на иранската државна телевизија, синоќа на магистралниот пат Захидан-Хаш во провинцијата Систан-Белуџистан е извршен самоубиствен напад на автобус кој превезувал припадници на Револуционерната гарда.

Во објавеното соопштение во врска со нападот од страна на Револуционерната гарда се истакнува дека нападот бил извршен со возило натоварено со бомби и дека цел на нападот бил автобус во кој се наоѓале припадници на пограничните сили од составот на копнените сили на штабот Кудс на Иранската револуционерна гарда.

Во соопштението се вели дека во нападот загинаа 27 војници на Револуционерната гарда, а 13 војници се ранети и дека нападот е извршен со поддршка на разузнавачките служби на израелските и империјалистичките сили.

Според веста на официјалната иранска новинска агенција „ИРНА“ пак, во самоубиствениот напад загинаа 20 војници, а најмалку 20 војници се ранети.

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими во врска со реализираниот терористички напад врз Револуционерната гарда во Систан-Белуџистан ги обвини регионалните земји.

Касими во објавеното писмено соопштение во врска со нападот рече: „Децата на иранскиот народ сигурно ќе се одмаздат за овој напад.“

Организацијата по име „Џејшу'л Адл“ која ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад тврди дека во случајот загинале сите 40 војници кои се наоѓале во автобусот.

По оваа изјава на организацијата засега не е објавено соопштение од страна на ирански надлежни органи.

Иранскиот министер за надворешни Мухамед Џевад Зариф на својата сметка на социјалната мрежа Твитер објави соопштение во врска со нападот во кој загинаа голем број војници при што укажа на терористичките групи поддржани од САД.

„Зарем претставува случајност тоа што Иран станува подложен на терористички напад денот кога се одржува „циркусот во Варшава? Особено во време кога поддржувачите на тие исти терористи слават по улиците на Варшава и на Твитер преку лажни сметки се поддржуваат тие прослави? Како што се согледува, САД секогаш ги прават истите грешки, меѓутоа очекуваат со тоа да добијат различни резултати.“

Инаку, во главниот град на Полска, Варшава, под водство на САД се одржува конференција на тема Блискиот исток, на која се разгледуваат регионалните активности на Иран.

На оваа конференција на која Иран покажува реакција, Израел е претставуван од премиерот Бенјамин Нетанјаху, а САД од потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео.

На конфенерцијата на ниво на министри учествуваат и голем број арапски земји и Франција и Германија.

Во меѓувреме, поради синоќешниот самоубиствен напад е прогласена тридневна жалост во провинцијата Систан-Белуџистан.



Слични вести