Мадуро побара поддршка од светот против заканата на САД со воена интервенција

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп повторно и се закани на неговата земја со воена интервенција и рече: „Сакам солидаризација од целиот свет.“

1145014
Мадуро побара поддршка од светот против заканата на САД со воена интервенција

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во претседателскиот дворец Мирафлорес во главниот град Каракас заедно и со потпретседателот Делси Родригес и министерот за земјоделство и земјиште Вилмар Кастро Сотелдо даде изјави во врска со актуелни прашања.

Мадуро истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп повторно и се закани на неговата земја со воена интервенција и рече: „Сакам солидаризација од целиот свет.“

Велејќи дека Трамп на едно поставено прашање за тоа „Дали постои можност од воено решение за Венецуела?“ одговори „Постојат низа предлози за решение. Ги разгледуваме сите опции.“, Мадуро го истакна следното: „Американскиот претседател повторно и се закани на Венецуела со воена интервенција. Сакам солидаризација од целиот свет.“

Николас Мадуро појасни дека народот презентира историско херојство против „иницијативата на САД да ја контролира Венецуела“ и напомена дека по секоја цена ќе се обезбеди да се покажува почит кон Венецуела.

„Ние не сме ничиј роб, питач, слуга. Ние сме слободни мажи и жени. Оваа чувствителност што ја носиме во себе претставува нашиот најголем елан и нашето најголемо задоволство.“



Слични вести