Предупредување од Венеуцела до САД: Случувањата во Виетнам ќе се повторат и во Венецуела

Во Венецуела владее ембарго врз економијата на земјата, нема хуманитарна криза

1144169
Предупредување од Венеуцела до САД: Случувањата во Виетнам ќе се повторат и во Венецуела

Венецуелскиот министер за надворешни работи Хорге Ареаза рече дека како последица на американските санкции народот е изложен на големи тешкотии. Во случај Трамп оди уште понапред, тогаш рацете ќе ги извалка со крв.

На прес конференцијата пред зградата на ОН Ареаза ги обвини САД за обид за државен удар во Венецуела.

САД се во потрага по нафтата, златото и минералите на неговата земја. Тие ја сакаат нашата нафта, рече Ареаза.

Не дозволивме влез на американската хуманитарна помош во Венецуела, бидејќи на власт се наоѓа управа која ни се заканува со употреба на сила и ембарго и од другите земји бара да спроведуваат ембарго. Да бидеме искрени, дали навистина сакаат да ни помогнат? Замислете си, помош сака да ви достави непријателска земја која ве убива. Да бидеме конзистентни.

Министерот за надворешни работи Ареаза упати повик за укинување на ембаргото врз неговата земја потенцирајќи дека во Венецуела нема хуманитарна криза.

Во Венецуела владее ембарго врз економијата на земјата, нема хуманитарна криза.

Ареаза изрази спремност за одржување преговори со опозицијата истакнувајќи дека каде што сакаат, во кој формат, ние сме спремни да седнеме на маса и да разговараме без оглед на тоа дали ќе траат 15 минути, 15 часа или 15 дена. Ние сме спремни. И ние од опозицијата очекуваме да седнат и да разговараат со нас.

Како последица на американските санкции, граѓаните на Венецуела се соочуваат со доста големи тешкотии, рече Ареаза и додаде:

Ако САД продолжат и одат понапред, рацете на Трамп ќе се извалкаат со крв. Ќе се влоши состојбата во Венецуела. Случувањата во Виетнам ќе се повторат и во Венецуела. Само американскиот народ може да го спречи лудилото на Трамп.



Слични вести