Лавров го предупреди Помпео: САД да не интервенираат во внатрешните работи на Венецуела

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги предупреди САД да не интервенираат во внатрешните работи на Венецуела, вклучувајќи ја и употребата на вона сила „со што се заканува Вашингтон, кршејќи го меѓународното право“

1144219
Лавров го предупреди Помпео: САД да не интервенираат во внатрешните работи на Венецуела

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во остварениот телефонски разговор со својот американски колега, државниот секретар Мајк Помпео предупреди во однос на интервенциите во внатрешните работи на Венецуела. 

Според објавеното соопштение од Руското министерство за надворешни работи, Лавров и неговиот американски колега Помпео укажаа на последните случувања во Венецуела.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров потврди дека Русија е спремна за разговори во склопот на Обединетите нации (ОН), а ги критикуваше плановите на САД за заострување на санкциите против Венецуела.

Лавров ги предупреди САД да не интервенираат во внатрешните работи на Венецуела, вклучувајќи ја и употребата на сила „со што се заканува Вашингтон, кршејќи го меѓународното право“.



Слични вести