Во воздушен напад на коалиционите сили во Деир ез-Зор во Сирија загинаа 16 цивили

Цел на воздушниот напад биле група цивили меѓу кои се наоѓале и 8 жени и еден старец, а кои бегајќи од судирите во месноста Багоз во подрачјето на Деир ез-Зор се обидувале да заминат кон границата со Ирак

1143829
Во воздушен напад на коалиционите сили во Деир ез-Зор во Сирија загинаа 16 цивили

Во реализиран воздушен напад од страна на коалиционите сили предводени од САД врз подрачјето на градот Деир ез-Зор во Сирија животот го загубија 16 цивили.

Директорот на Сириската опсерваторија за човекови права Рами Абдурахман истакна дека цел на воздушниот напад биле група цивили меѓу кои се наоѓале и 8 жени и еден старец, а кои бегајќи од судирите во месноста Багоз во подрачјето на Деир ез-Зор се обидувале да заминат кон границата со Ирак.

Руската новинска агенција „Спутник“ исто така во објавената вест ослонувајќи се на еден локален новински портал по име „Икхбарија“, соопшти дека 7 мина од загинатите во воздушниот напад биле деца.

Од страна на коалиционите сили пак, засега не е објавено било какво соопштение во врска со воздушниот напад.

Инаку, цивилите кои се заглавени (приклештени) помеѓу двете терористички организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, додека продолжуваат бомбардирањата се обидуваат да излезат надвор од месноста Багоз.

Портпаролот на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (ОН) Андреј Махечиќ во дадената изјава на почетокот на месецот истакна дека сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК не им дозволува транзитен премин на цивилите кои се насилно раселени од своите домови во источниот дел на Деир ез-Зор, дека го спречува слободното движење на цивилите во регионот и дека им ги одзема личните документи.



Слични вести