Во пожар во хотел во Индија животот го загубија најмалку 17 лица

Заменик началникот на полицијата во Њу Делхи Мандеп Синг Рандваха истакна дека во пожарот што избувнал во горниот спрат на еден пет спратен хотел во квартот Карол Баг имас најмалку 17 загинати и четворица повредени лица.

1143356
Во пожар во хотел во Индија животот го загубија најмалку 17 лица

Во пожар што се појавил во еден хотел во западниот дел на главниот град на Индија, според првични информации животот го загубија 17 лица, а четири лица се повредени.

Заменик началникот на полицијата во Њу Делхи Мандеп Синг Рандваха истакна дека во пожарот што избувнал во горниот спрат на еден пет спратен хотел во квартот Карол Баг имас најмалку 17 загинати и четворица повредени лица.

Велејќи дека противпожарните екипи интервенирале на пожарот кој што се појавил во доцните вечерни часови поради засега непознати причини, истиот надлежен рече дека повеќе од 30 лица биле извлечени од хотелот меѓу пламените јазици.

Тој воедно додаде дека пожарот бил ставен под контрола.

 



Слични вести