Столтенберг: На југот Турција е значаен сојузник во борбата против тероризмот

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја поздрави соработката меѓу Турција и САД во северниот дел на Сирија и изјави дека на југот Турција е значаен сојузник во борбата против тероризмот

1143787
Столтенберг: На југот Турција е значаен сојузник во борбата против тероризмот

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на одржаната прес-конференција пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО што ќе се одржи утре во белгискиот главен град Брисел истакна дека на југот Турција е значаен сојузник во борбата против тероризмот.

Столтенберг напомена дека ја поздравува соработката меѓу Турција и САД во северниот дел на Сирија.

Тој рече: „Ја дочекувам со задоволство соработката на Турција и САД во северниот дел на Сирија. На билатералните средби меѓу САД и Турција на состаноците на НАТО гледаме како го разгледуваат развојот на соработката во Сирија. Тоа очекуваме да се случи и на утрешниот состанок.“

Поддржувајќи ја одлуката на САД за еднострано повлекување од Договорот за нуклерани сили од среден дострел (ИНФ), Столтенберг ја обвини Русија за прекршување на договорот.

Тој нагласи дека за повлекување на САД од договорот постои рок од 6 месеци и дека овој рок е последна шанса за Русија, а го подвлече и тоа дека на утрешниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата ќе се разговара за видовите мерки кои што би можеле да се преземат против Русија. 

Генералниот секретар Јенс Столтенберг додаде дека освен Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ) меѓу другите прашања за кои што ќе се разговара утре се наоѓаат и наслови како што се состојбата на мисиите на НАТО во Авганистан, Ирак и Косово, соработката меѓу НАТО и Европската унија (ЕУ), како и споредлувањето на одбранбените трошоци и товарот на сојузниците.



Слични вести