Одговор од Нетанјаху на последната изјава со закана од Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на последната изјава со закана од страна на Иран одговори дека оваа година би можела да биде последна годишнина од револуцијата што ја слави Иран

1143129
Одговор од Нетанјаху на последната изјава со закана од Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху покажа реакција против изјавата од Иран во која се велеше "Доколку САД извршат напад врз нас и ние ќе ги избришеме Тел Авив и Хаифа од земјата."

Нетанјаху рече: "Доколку Иран ја направи грешката да проба да ги уништи Тел Авив и Хаифа, оваа година би можела да биде последна година од револуцијата што ја слават." 

Велејќи дека не ги изоставува од вид заканите кои што пристигнуваат од Иран, но дека воедно и не стравува од овие закани, Нетанјаху изјави: "Доколку овој режим (Иран) ја направи грешката да ги уништи Тел Авив и Хаифа, што пак не ќе може да успее да го направи, оваа година би можела да биде последна годишнина од револуцијата што ја слават. Треба да го пресметат тоа."

Инаку, Јадулах Џавани од командантите на Револуционерната гарда вчера во дадената изјава за иранската официјална новинска агенција ИРНА рече: "Доколку САД не нападнат нас и ние ќе ги избришеме Тел Авив и Хаифа од земјата."


 



Слични вести