Апел од Меѓународната организација за амнестија до ОН да испратат набљудувачка делегација во Кина

Меѓународната организација за амнестија и голем број други регионални и меѓународни организации како и граѓански организации ги повикаа ОН да испратат набљудувачка делегација во Кина

1143139
Апел од Меѓународната организација за амнестија до ОН да испратат набљудувачка делегација во Кина

Меѓународната организација за амнестија (Амнести Интернешенел) и некои граѓански организации го повика на задача Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) да испрати набљудувачка делегација во Ујгурската Автономна област Синџан (Синкјанг) во Кина, каде што се дружат во кампови за собирање повеќе од 1 милион Турци Ујгури.

Во заедничката декларација потпишана од страна на Меѓународната организација за амнестија (Амнести Интернешенел), Организацијата за следење на човековите права (ХРВ), Светскиот ујгурски конгрес и уште голем број регионални и меѓународни граѓански организации, се упатува повик до Советот за човекови права на ОН по прашањето на прекршувањата на човековите права на кои што се подложени муслиманските Турци Ујгури.

Во декларацијата се упатува повик до Високиот комесаријат за човекови права да ја разгледа ситуацијата и да испрати набљудувачка делегација во регионот со што на следната своја седница по прашањето, да бидат изнесени вистините во врска со ситуацијата на Ујгурите и другите муслимани кои се држат во кампови за собирање.

Се укажува на тоа дека Кина треба да и дозволи на оваа делегација да врши "независно, неограничено набљудување кое нема да биде подложено на контрола во регионот.

Во декларацијата се упатува повик до Кина "да се придржува кон највисоките стандарди на човековите права" и се подвлекува дека управата во Пекинг треба да ги исполни обврските кон Советот како негова членка.

Портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој во објавеното писмено соопштение завчера исто така истакна дека политиката на систематска асимилација на кинеските органи кон Турците Ујгури, претставува извор на голем срам во име на човештвото.

Аксој ги повика кинеските органи да покажат почит по прашањето на тешките прекршувања на човековите и да ги затворат камповите за собирање.

Тој рече: "Очекуваме од кинеските органи да се земе во предвид реакцијата на турската јавност во однос на тешките прекршувања на човековите права."

Во меѓувреме и во нацрт законот чие разгледување продолжува во Конгресот на САД, се бара да се спроведе санкција против Кина поради тешките прекршувања на човековите права од страна на оваа земја врз Турците Ујгури.



Слични вести