ОН и Африканската унија (АУ) ќе организираат конференција за Либија

Комесарот за мир и безбедност на Африканската унија (АУ) Исмаил еш-Шеркави истакна дека Африканата унија (АУ) и Обединетите нации (ОН) постигнаа договор по прашањето на заедничкото работење и ротењето рака за рака во однос на Либија

1142967
ОН и Африканската унија (АУ) ќе организираат конференција за Либија

Обединетите нации (ОН) и Африканската унија (АУ) ќе организираат Конференција за Либија.

Комесарот на Африканската унија (АУ) за мир и безбедност Исмаил еш-Шеркави истакна дека Африканата унија (АУ) и Обединетите нации (ОН) постигнаа договор по прашањето на заедничкото работење и работењето рака за рака во однос на Либија. 

Шеркави на прес-конференцијата што ја одржа во генералното седиште на Африканската унија (АУ) наведе дека случувањата во Либија имаат своја цена на соседните земји.

Велејќи „Африканската унија и Обединетите нации ќе организираат конференција за компромис меѓу сите Либијци“, Тој рече дека одлуката е штотуку донесена и дека датумот не е утврден.

Укажувајќи дека по прашањето на Либија сите меѓународни организации би требало да зборуваат на ист јазик (да го велат истото), Шеркави додаде дека по конференцијата за која станува збор сакаат да се одржат избори.



Слични вести