Обид за палеж на куќата на претседателот на францускиот парламент

Ништо не може да го оправда насилството, заканата и застрашувањето

1142493
Обид за палеж на куќата на претседателот на францускиот парламент

Во Франција беше извршен обид за палеж на куќата на претседателот ан францускиот парламент Ришар Феранд.

Феран во изјавата за печатот рече дека се надминаа сите граници и изрази загриженост за сопругата и ќерката.

По инцидентот Феран се осврна на случувањата во земјата и изрази загриженост за демократијата.

Во пораката преку профилот на твитер Феран ги објави фотографиите од домот и напиша: „Ништо не може да го оправда насилството, заканата и застрашувањето“.

Претседателството на националното собрание ја објави веста дека бил извршен обид за палеж на куќата на Феран во населбата Мотреф, дека обидот бил пријавен од страна на соседот на Феран и беше поднесена кривична пријава.



Слични вести