Командантот на ЦЕНТКОМ: Повлекувањето на американските војници може да започне во наредните неколку недели

Командантот на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) генерал Џозеф Вотел истакна дека повлекувањето може да започне во наредните неколку недели

1142922
Командантот на ЦЕНТКОМ: Повлекувањето на американските војници може да започне во наредните неколку недели

Командантот на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) генерал Џозеф Вотел  на поставено прашање на новинарите „Дали приближно 2 илјади војници од Сирија ќе се повлечат во текот на наредните денови или наредните недели?“ истакна дека повлекувањето може да започне во наредните неколку недели.

Тој одговори: „Веројатно во текот на наредните недели, меѓутоа се е поврзано со ситуацијата на теренот. По прашањето на повлекувањето се наоѓаме онаму каде што сакаме.“

Генерал Вотел напомена дека конечното време е поврзано со ситуацијата во Сирија.

Во меѓувреме, американската армија почна да повлекува еден дел од својата воена опрема во Сирија. 

Во врска со тоа Вотел рече: „Повлекувањето на персоналот е полесно од повлекување на опремата. Затоа првенствено се обидуваме да ја исчистиме опремата од која што немаме потреба.“ 

Осврнувајќи се и американските војници во Ирак, Вотел истакна дека бројот на војници во оваа земја во голема мера ќе остане ист.

„Не сакаме да ги држиме на терен војниците од кои немаме потреба или кои немаат задача таму.“ - рече Тој.

Инаку, САД во Ирак располагаат со приближно 5 илјади војници, а со цел да помогнат во борбата против терористичката организација ДЕАШ.



Слични вести