Мајк Помпео од 11 до 15 февруари на турнеја по 5 европски земји

Заменик портпаролот на американскиот државен секретаријат (Стејт департмент) Роберт Паладино соопшти дека државениот секретар Мајк Помпео од 11 до 15 февруари ќе излезе на турнеја по 5 европски земји, Унгарија, Словачка, Полска, Белгија и Исланд

1141099
Мајк Помпео од 11 до 15 февруари на турнеја по 5 европски земји

Американскиот државен секретар Мајк Помпео од 11 до 15 февруари ќе излезе на турнеја по 5 европски земји, Унгарија, Словачка, Полска, Белгија и Исланд.

Заменик портпаролот на американскиот државен секретаријат (Стејт департмент) Роберт Паладино објави писмено соопштение,

Според тоа, државниот секретар Мајк Помпео на 11 февруари ќе замине во посета на Унгарија каде што во главниот град Будимпешта ќе се состане со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со други високи унгарски функционери. 

Помпео следниот ден на 12 февруари ќе отпатува за главниот град на Словачка, Братислава каде што ќе се состане со словачкиот претседател Андреј Киска, а ќе оствари и други средби и разговори на високо ниво со словачките политичари.

Истиот ден Помпео ќе замине за главниот град на Полска, Варшава и овде ќе се состане со својот полски колега, министерот за надворешни работи Јачек Капутович.

Потоа американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе отпатува за Брисел каде што ќе се состане со високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерига Могерини со која ќе разменат мислеа во однос на бројни прашања, вклучувајќи ја и кризата во Венецуела.

Помпео од Брисел на 15 февруари ќе замине за главниот град на Исланд, Рејкјавик, последната станица од оваа негова турнеја, по што ќе се врати во САД.



Слични вести