Жан Клод-Јункер: Брегзит не е прашање само на Велика Британија и Ирска, туку на цела Европа

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан Клод-Јункер Јункер истакна дека излезот на Обединетото Кралство (Брегзит) од ЕУ не е прашање само на Велика Британија и Ирска, туку на цела Европа

1140428
Жан Клод-Јункер: Брегзит не е прашање само на Велика Британија и Ирска, туку на цела Европа

Претседателот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Жан Клод-Јункер по остварената средба со ирскиот премиер Леон Вардкар во Брисел одржа прес-конференција.

Јункер истакна дека излезот на Обединетото Кралство (Брегзит) од Европската унија (ЕУ) не е прашање само на Велика Британија и Ирска, туку на цела Европа.

„Затоа, не можеме да го прифатиме размислувањето дека би можело повторно да се преговара за договорот за разделба.“ - рече претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан Клод-Јункер.

Тој истакна дека членот со мерките за претпазливост има за цел да ја спречи физичката граница помеѓу Република Ирска и Северна Ирска и нагласи дека овој член не може да се промени.

Привлекувајќи внимание дека сакаат прописен, регуларен излез на Велика Британија од ЕУ, Јункер потсети дека исто така се забрзани и подготовките во правец на сценариото за разделба без договор. 

Жан-Клод Јункер алудираше и на изјавите на претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Доналд Туск кој рече „Се прашував како изгледа посебното место во пеколот за оние што го промовираа брегзитот дури и без да имаат нацрт-план за безбедно да го остварат“, во врска со што пак ја изнесе следната констатација: „Верувам во рајот и никогаш не го видот пеколот, со исклучок на времето во текот на кое работам овде.“

 



Слични вести