Трамп: Наредната недела официјално ќе биде соопштено дека Сирија во потполност е исчистена од ДЕАШ

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека веројатно наредната недела официјално ќе биде сопштено дека Сирија во потполност, 100 посто е исчистена од терористичката организација ДЕАШ

1140333
Трамп: Наредната недела официјално ќе биде соопштено дека Сирија во потполност е исчистена од ДЕАШ

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите кои учествуваат во коалиција против ДЕАШ кој се одржува во Вашингтон најави дека веројатно наредната недела официјално ќе биде сопштено дека Сирија во потполност, 100 посто е исчистена од терористичката организација ДЕАШ.

Велејќи „Сакам да го почекам официјалното соопштение“, Трамп говореше за борбата која ја водеше против терористичката организација во периодот откако дојде на власт и потсети дека едната од првите работи кои што ги направи веднаш откако ги доби изборите беше таа што отиде во Пентагон и посака од нив да подготват план за елиминирање на терористичката органзиација ДЕАШ. 

Тој напомена дека ДЕАШ претходно водеше пропагандни активности особено преку интернет и рече: „Веќе не се влијателни и во оваа сфера.“ 

Американскиот претседател Доналд Трамп освен тоа им се заблагодари на земјите членки на коалицијата за борбата што ја водат против терористичката организација ДЕАШ и го додаде следното: „Елиминиравме повеќе од 60 високи членови на ДЕАШ.“



Слични вести