Русија: Евентуалната воена интервенција во Венецуела би довело катастрофа

Заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков, евентуалната воена интервенција врз Венецуела ја окарактеризира како „најлошо сценарио“ и напомена дека тоа би довело до катастрофа

1140670
Русија: Евентуалната воена интервенција во Венецуела би довело катастрофа

Заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков на одржаната прес-конференција во Москва истакна дека со загриженост го следат процесот што се доживува во Венецуела.

Рјабков, евентуалната воена интервенција врз Венецуела ја окарактеризира како „најлошо сценарио“ и напомена дека тоа би довело до катастрофа.

Привлекувајќи внимание кон растечките активности на соседните земји кон Венецуела, Рјабков рече: „Согледуваме дека земјите од регионот ги зголемуваат своите контакти со земјите кои сакаат да располагаат со влијание во Венеуцела и во околните земји.“

Тој укажа на можноста од реализација на евентуална воена интервенција врз Венецуела,  во врска со што рече: „Тоа би било најлошо сценарио и крајно е тешко да се предвидат последиците. Крвта што ќе се пролее и настаните што ќе се случат ќе се прошират и на други земји освен Венецуела. Предупредуваме против вакви видови авантуристички иницијативи. Таква интервенција би довела до катастрофа.“

Рјабков укажа на тоа дека по повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ) Русија ќе ги преземе потребните безбедносни мерки и рече: „Но нашата врата е отворена доколку САД сакаат повторно да преговораат за договорот. Ако нашите американски партнери ни понудат нов прифатлив договор, спремни сме да го резгледаме. Меѓутоа се уште не добивме предлог во таа насока.“

Инаку, американскиот државен секретар Мајк Помпео на 1 февруари соопшти дека неговата земја ќе се повлече еднострано од ИНФ Договорот кој што беше потпишан со Советскиот Сојуз во 1987 година и кој  предвидува забранување на ракетите (проектилите) со дострел од 500 до 5.500 километри и на кои можат да се поставуваат нуклеарни боеви глави.

Рускиот претседател Владимир Путин пак ги обвини САД за прекршување на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ) и рече: „ И нашиот одговор ќе биде симетричен. САД соопштија дека го суспендираат Договорот, и ние го суспендираме.“

 



Слични вести