ЕУ и Велика Британија ќе се обидат да го решат безизлезот со Брегзит по пат на разговори

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан Клод-Јункер и британската премиерка Тереза Меј разговараа во Брисел за решавање на безизлезот со Брегзит (излезот на Велика Британија и од ЕУ)

1140992
ЕУ и Велика Британија ќе се обидат да го решат безизлезот со Брегзит по пат на разговори

Европската унија (ЕУ) и Велика Британија соопштија дека ќе продолжат да со разговори за решавање на безизлезот со Брегзит (излезот на Велика Британија и од ЕУ).

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан Клод-Јункер и британската премиерка Тереза Меј по остварената билатерална средба во Брисел објавија писмено соопштение.

Во соопштението се вели дека Јункер и Меј разговарале за чекорите кои што би можеле да бидат фрлени во врска со Брегзит и дека средбата поминала во „атмосфера на соработка.“

Како што се истакнува, на средбата британската прмеиерка Тереза Меј го информирала Јункер за гласањата во британскиот Парламент со кои што се бара да бидат направени законски измени во врска со членот за мерките за претпазливост и доставила опции во врска со некои измени кои што би можеле да бидат направени во договорот за разделба.

Од друга страна, претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан Клод-Јункер подвлекол дека 27'те земји членки на Унијата нема да го постават повторно на преговарање договорот за разделба и ја дал пораката дека би можело да се разговара во врска со врската што ќе се воспостави во иднина.

Во соопштението се напоменува дека разговорите поминале „жестоки, но конструктивни“, дека двајцата лидер Тереза Меј и Жан Клод-Јункер донеле одлука за продолжување со разговорите и дека повторно ќе се состанат на крајот на февруари.

Од друга страна, британската премиерка Тереза Меј ќе се состане и со претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Доналд Туск кој претходно изјави „Се прашував како изгледа посебното место во пеколот за оние што го промовираа брегзитот дури и без да имаат нацрт-план за безбедно да го остварат.“



Слични вести