Бројот на загинатите по пукањето на рударската брана во Бразил се искачи на 150 лица

Во објавеното соопштение од Институцијата за цивилна одбрана во Минас Жераис преку социјалната медија, се вели дека билансот на жртвите во катастрофата со пукнатата брана за рударски отпад на 25 јануари во градот Брумадињо, се зголеми на 150 лица

1140652
Бројот на загинатите по пукањето на рударската брана во Бразил се искачи на 150 лица

Бројот на загинатите поради пукањето на браната за рударски отпад во провинцијата Минас Жериас во Бразил се зголеми на 150 лица.

Во објавеното соопштение од Институцијата за цивилна одбрана во Минас Жераис преку социјалната медија, се вели дека билансот на жртвите во катастрофата со пукнатата брана за рударски отпад на 25 јануари во градот Брумадињо, се зголеми на 150 лица.

Во сооопштението се истакнува дека досега се утврдени идентитетите на 134 загинати лица чии мртви тела се пронајдени, утврдувањето на идентитетите на 16 лица продолжува, а 186 лица се уште се водат како исчезанти.

Поради катастрофата која беше причина за истекување на приближно 13 милиони кубни метри рударски отпад и бразилската влада побара да се контролираат сите брани во земјата.

По пукањето на браната за рударски отпад во градот Брумадињо, беа евакуирани над 3 илјада лица.

Претходно рударската фирма Vale SA соопшти дека на семејствата на загинатите во несреќата ќе им бидат исплатени по 100 илјади реали (26.400 долари).

Во врска со случајот со пукање на браната за рударски отпад беа притворени 5 мина инжинери кои се обвинуваат за пропусти за време на изградбата на браната.

Во Мариана во провинцијата Минас Жераис во Бразил дојде до уривање на брана за рударски отпад и во 2015 година, во рудник со кој стопанисуваа истата фирма Vale SA и австралиската фирма BHP Biliton при што тогаш животот го загубија 19 лица, а стотици лица беа проморени да ги напуштата своите домови.



Слични вести