Во вооружен напад во Нигерија загинаа 15 лица, а се киднапирани и 6 жени

Портпаролот на полицијата во провинцијата Замфара во Нигерија Мухамед Шеху соопшти дека во реализиран вооружен напад во областа Гусау биле убиени 15 лица, а биле киднапирани и 6 жени

1139635
Во вооружен напад во Нигерија загинаа 15 лица, а се киднапирани и 6 жени

Во реализиран напад од страна на неидентификувани лица во провинцијата Замфара во Нифгерија животот го загубија 15 лица, а беа киднапирани и 6 жени.

Портпаролот на полицијата Мухамед Шеху соопшти дека во реализиран вооружен напад во областа Гусау биле убиени 15 лица, а биле киднапирани и 6 жени.

Како што се истакнува во вооружениот напад против овчарите Фулани биле запалени и голем број куќи.

Портпаролот Шеху воедно истакна дека е започната операција за спасување на жените кои биле киднапирани за време на вооружениот напад.

Инаку, во провинцијата Замфара во Нигерија поради недоволните пасишта често доаѓа до судири помеѓу овчарите и земјоделците.

Во вооружените судири на крајот на изминатата недела исто така животот го загубија 9 лица, а голем број лица беа ранети.



Слични вести