Трамп: Вториот самит со севернокорејскиот лидер Ким ќе се одржи на 27-28 февруари во Виетнам

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека вториот самит со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун ќе се одржи на 27-28 февруари во Виетнам

1139566
Трамп: Вториот самит со севернокорејскиот лидер Ким ќе се одржи на 27-28 февруари во Виетнам

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Претставничкиот дом го одржа својот говор за состојбата на нацијата, т.ј. американското единство, инаку втор негов говор по седнувањето на претседателската фотелја.

Трамп истакна дека вториот самит со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун ќе се одржи на 27-28 февруари во Виетнам.

Со седницата за која што инаку беше планирано да се одржи на 29 јануари, но поради затворањето на федералната влада беше одложена за 5 февруари, претседаваа американскиот потпретседател Мајк Пенс и претседателката на Претставничкиот дом од Демократската партија Ненси Пелоси. 

На седницата присуствуваше и сопругата на претседателот Трамп, Меланија Трамп, а своето место во салата го зазедоа и голем број познати личности од сите страни на земјата.

Американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор соопшти дека вториот самит со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун ќе се одржи на 27-28 февруари.

Велејќи дека се водат сериозни обиди за изнаоѓање дипломатско решение на Корејскиот полуостров и дека почнаа да се добиваат и резултати, Трамп рече: „Нашите заложници се вратија дома, нуклеарните проби се прекинати и 15 месеци како не беа реализирани нови ракетни тестирања. Доколку јас не бев претседател, ова е мое лично мислење, можевме да дојдеме до прагот на сериозна војна со Северна Кореја.“

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер ким Јонг-ун првиот историски самит го одржаа на 12 јуни 2018 година во Сингапур.

На овој самит двајцата лидери потпишаа обемен договор.

По оваа средба, управата на Ким Јон-ун ја суспендира програмата за нуклеарно оружје и ги прекина ракетните тестирања.

 



Слични вести