Муслиманите Моро гласаат за вториот дел од референдумот за автономија на регионот Бангсаморо

Гласачите кои живеат во 6 општини во Ланао дел Норте во северозападниот дел на регионот и во 67 населени места во Северно Котабато гласаат за тоа дали кон новиот автономен регион ќе бидат вклучени и нивните области

1139759
Муслиманите Моро гласаат за вториот дел од референдумот за автономија на регионот Бангсаморо

Моро муслиманите кои живеат на југот на Филипините денеска гласаат за вториот дел од историскиот референдум за Органскиот закон за Бангсаморо (BOL) со кој што ќе се промени политичката иднина на регионот.

Гласачите кои живеат во 6 општини во Ланао дел Норте во северозападниот дел на регионот и во 67 населени места во Северно Котабато, гласаат за тоа дали кон новиот автономен регион ќе бидат вклучени и нивните области.

Изборната комисија на Филипините (CEMELEC) соопшти дека на референдумот се очекува да гласаат приближно 640 илјади гласачи кои живеат во регионот, муслимани, Лумади, христијани и локални народи.

Резултатите од референдумот ќе бидат објавени за 4 дена.

Органскиот закон за Бангсаморо (BOL) беше прифатен na 21 јануари со гласовите на повеќе од 1,5 милиони Моро муслимани и во досегашниот регион муслимански Минданао беше формирана управата на  автономниот регион Бангсаморо (BARMM).

Законот кој што обезбедува обемна автономија за Бангсаморо муслиманите и кој на крајот на јули минатата година беше потпишан од страна на филипинскиот претседател Родриго Дутерте, предвидува зголемување на правните и економските придобивки на муслиманите во регионот.



Слични вести