Адил Абдулмехди: Нема да прифатиме нашите територии да бидат користени за напади врз други земји

Алудирајќи на неодамнешните изјави на американскиот претседател Трамп, ирачкиот премиер Адил Абдулмехди рече: „Нема да прифатиме нашите територии да бидат користени од страна на било која земја за напади врз други земји“

1139502
Адил Абдулмехди: Нема да прифатиме нашите територии да бидат користени за напади врз други земји

Ирачкиот премиер Адил Абдулмехди на одржаната редовна неделна прес-конференција во главниот град Багдад истакна дека нема да прифатат териториите на неговата земја да бидат користени за напад врз други земји.

Алудирајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп „Едната од причините поради која сакам да ја за базата во Ирак е да го набљудувам Иран, бидејќи Иран е вистински проблем“, Абдулмехди посака од Трамп да ги повлече овие свои зборови.

„Нема да прифатиме нашите територии да бидат користени од страна на било која земја за напади врз други земји.“ - рече ирачкиот премиер.

Застанувајќи во одбрана на тоа дека САД немаат своја воена база во Ирак, Абдулмехди истакна дека само се наоѓаат американски инструктори за обука на ирачките војници.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп во недела, во дадената изјава за американската телевизија „CBS“ истакна дека неговата земја потрошила огромно богатство за воената база Ајну'л Асад во Ирак и рече: „Едната од причините поради која сакам да ја за базата во Ирак е да го набљудувам Иран, бидејќи Иран е вистински проблем.“

Инаку, САД го окупираа Ирак во 2003 година и до декември 2011 година располагаа со приближно 166 илјади свои војници, а потоа по наредба на поранешниот претседател Барак Обама ги повлекоа сите свои војници од оваа земја.

Меѓутоа, откако на 10 јуни 2014 година се појави терористичката организација ДЕАШ, на покана на тогашниот ирачки премиер Нури Ел Малики, САД повторно испратија свои војници во Ирак и го продолжија своето воено присуство во оваа земја.

Според последните објавени податоци од страна на американскиот државен секретаријат согласно потпишаниот воен стратешки договор помеѓу САД и Ирак од 2014 година, во Ирак се наоѓаат приближно 5 илјади американски војници.



Слични вести