Во пожар во една зграда во Париз животот го загубија 10 лица, а 30 лица се повредени

Синоќа во доцните часови избувнал пожар во една зграда во 16'тиот регион на Париз во кој настрадале 10 лица, а 30 лица биле повредени од кои 6 биле противпожарни службеници

1139296
Во пожар во една зграда во Париз животот го загубија 10 лица, а 30 лица се повредени

Во пожар во една зграда во главниот град на Франција, Париз животот го загубија 10 лица, а 30 лица се повредени.

Според вестите објавени во францускиот печат, синоќа во доцните часови избувнал пожар во една зграда во 16'тиот регион на Париз во кој што настрадале 10 лица, а 30 лица биле повредени од кои 6 биле противпожарни службеници.

Засега не се знае точната причина за пожарот кој што можел да се земе под контрола од страна на противпожарните екипи за шест часа.

Во објавеното соопштение од Јавното обвинителство на Париз се истакнува дека во врска со овој случај било приведено едно лице.

Две згради во близина на зградата во која избувнал пожарот биле евакуирани поради безбедносни причини.

 



Слични вести