Иран се подготвува да донесе амнестија за 50 илјади затвореници

Според претседателот на судската власт на Иран Садик Лариџани, верскиот лидер Али Хамнеи во основа се изјаснил позитивно во однос на доставеното барање за амнестија од широк обем, која што ќе се однесува на 50 илјади затвореници

1138737
Иран се подготвува да донесе амнестија за 50 илјади затвореници

Претседателот на судската власт на Иран Садик Лариџани најави дека по повод одблежувањето на 40 годишнината од Исламската револуција ќе биде донесена амнестија за 50 илјади затвореници.

Во говорот што го одржа на еден состанок со претставниците на високото судство во главниот град Техеран, Лариџани меѓу друго информираше и за амнестијата која што ќе биде донесена по повод одбележувањето на 40 годишнината од Исламската револуција.

Според Садик Лариџани, верскиот лидер Али Хамнеи во основа се изјаснил позитивно во однос на доставеното барање за амнестија од широк обем, која што ќе се однесува на 50 илјади затвореници.

Претседателот на судската власт на Иран Садик Лариџани, во врска со барањата амнестијата да ги опфати и „политичките затвореници“ ја изнесе следната констатација: „За жал некои го политизираат овој голем чекор и велат дека ќе биде подобро амнестијата да ги опфати и 'полиитчките затвореници'. Меѓутоа кај нас нема политички затвореници. Друг дел бараат амнестијата да се однесува и на затворениците кои ја критикуваат власта. Според нив, некои се наоѓаат во затвор само поради тоа што ја критикувале власта. Тоа е голема лага. Судската власт никогаш не осудила некого поради тоа што упатувал критики против власта.“

Според 11'от параграф на членот број 110 од Уставот на Иран, верскиот лидер ајатолахот Али Хамнеи располага со надлежност за помилување, т.ј. амнестија.

Во тие рамки, верскиот лидер ајатолахот Али Хамнеи на барање на судската власт за време на празници како што е одблежувањето на годишнината од Исламската револуција и други верски празници, донесува амнестија за затворениците.



Слични вести