Гутерес: ОН се неутрални во однос на кризата во Венецуела

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес истакна дека ја следи со загриженост кризата во Венецуела и дека ОН нема да заземат место на страната на ниту една група по прашањето на оваа криза

1138689
Гутерес: ОН се неутрални во однос на кризата во Венецуела

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во дадената изјава за новинарите во седиштето на организацијата во Њујорк истакна дека нема да заземат место на страната на ниту една група, а како што рече за да не биде потресена доверливоста на предлозите за поддршка по прашањето на изнаоѓање политичко решение за кризата во Венецуела.

Гутерес напомена дека ја следи со загриженост кризата во Венецуела.

Велејќи дека со низа земји разговара за различни иницијативи, Гутерес рече: "За доверливост на предлозите за поддршка по прашањето на изнаоѓање политичко решение за кризата во Венецуела, ОН одлучија да не заземат место на страната на ниту една група."

Инаку, митинзите кои што беа одржани на 23 јануари од страна на приврзаницита на опозицијата и власта во Венецуела, доведоа до крајно значајни случувања од аспект на оваа латиноамериканска држава и општо регионот.

Претседателот на Националното Собрание, од кое мнозинството е во рацете на опозицијата Хуан Гуаидо за време на мнитингот на опозицијата се прогласи за „привремен претседател на државата“ и веднаш потоа најпрвин беше признат од страна на САД, а потоа и од земји како што се Австралија, Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Коста Рика и Гватемала. 

Земји како Турција, Мексико, Русија, Куба, Кина и Боливија пак, ја повторија поддршката на владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

По ваквиот развој на настаните, Мадуро соопшти дека ги прекинува дипломатските и политичките односи со САД, но дека трговските односи ќе продолжат.

Како последно САД донесоа одлука за спроведување санкации против Државната нафтена компанија на Венецуела ПДВСА и воедно соопштија дека финансиските средства на Венецуела во земјата му се префрлуваат на Гуаидо.



Слични вести