Шпанија, Велика Британија и Фрација го признаа Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела

Премиерот на Шпанија Педро Санчес, министерот за надворешни работи на Велика Британија Џереми Хант и претседателот на Франција Емануел Макрон соопштија дека официјално го признаваат Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела

1138369
Шпанија, Велика Британија и Фрација го признаа Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела

Шпанија, Велика Британија, Фрација, Германија и други земји членки на ЕУ, досега вкупно 12 земји, соопштија дека официјално го признаваат Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Премиерот на Шпанија Педро Санчес во дадената изјава во владината резиденција Монклоа соопшти дека шпанската влада официјално го признава Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Санчез рече: „Владата на Шпанија официјално го признава Хуан Гуаидо за привремен претседател. Гваидо во најскоро време треба да ја води земјата кон слободни, демократски, транспарентни и доверливи избори, бидејќи одлуката за својата иднина треба да ја донесе народот на Венецуела. Меѓународната заедница ќе го направи она и припаѓа, да ги потврди резултатите од тие избори и да покаже почит кон нив.“

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Џереми Хант во пораката што ја објави на својата сметка на социјалната мрежа Твитер соопшти дека неговата земја го признава претседателот на Националното Собрание на Венецуела Хуан Гуаидо за привремен претседател на оваа земја.

Претседателот на Франција Емануел Макрон исто така соопшти дека неговата земја го признава Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела, за започнување на изборниот процес во оваа јужноамериканска земја.

Заменик портпаролката на германската влада Мартина Фиец рече: "Го признаваме за привремен претседател Хуан Гуаидо чија задача е да го започне периодот на полициски премин и да ја води земјата кон слободни, транспарентни и веродостојни-доверливи претседателски избори."

Потоа и други европски земји како Австрија, Холандија, Шведска, Летонија, Данска и Чехија соопштија дека го признаваат Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Во објавените соопштенија од страна на владите и министерствата за надворешни работи на овие наведени земји се вели следното: "Додека да се одржат слободни и демократски избори во Венецуела го признаваме Гуаидо за уставен привремен претседател на земјата."

Досега Гуаидо е признат за привремен претседател на Венецуела од страна  на 12 земји  членки на  Европската унија (ЕУ).

Инаку, митинзите кои што беа одржани на 23 јануари од страна на приврзаницита на опозицијата и власта во Венецуела, доведоа до крајно значајни случувања од аспект на оваа латиноамериканска држава и општо регионот.

Претседателот на Националното Собрание, од кое мнозинството е во рацете на опозицијата Хуан Гуаидо за време на мнитингот на опозицијата се прогласи за „привремен претседател на државата“ и веднаш потоа најпрвин беше признат од страна на САД, а потоа и од земји како што се Австралија, Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Коста Рика и Гватемала. 

Велика Британија заедно и со некои европски земји пак, му дадоа рок на актуелниот венецуелски претседател Маудо за 8 дена да распише избори и соопштија дека во спротивно ќе го признаат Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. 

Од друга страна, земји како Турција, Мексико, Русија, Куба, Кина и Боливија ја повторија поддршката на владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Мадуро пак, по ваквиот развој на настаните соопшти дека ги прекинува дипломатските и политичките односи со САД, но дека трговските односи ќе продолжат.



Слични вести