Меркел изјави од Токио: Не се наоѓа на дневен ред повторно преговарање за Договорот за Брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека нејзината земја на сака повторно да се преговара за Договорот за Брегзит, постигнат меѓу Велика Британија и Европската комисија, за излез на оваа земја од Европската унија (ЕУ)

1138532
Меркел изјави од Токио: Не се наоѓа на дневен ред повторно преговарање за Договорот за Брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел престојува во посета на Јапонија каде што се состана со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Двајцата премиери по средбата лице в лице одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Меркел истакна дека нејзината земја на сака повторно да се преговара за Договорот за Брегзит, постигнат меѓу Велика Британија и Европската комисија, за излез на оваа земја од Европската унија (ЕУ).

Таа рече: „Не се наоѓа на дневен ред повторно преговарање за Договорот за Брегзит.“

Велејќи „Сакаме да сториме се што е во наша можност за да не дојде до Брегзит без договор“, Ангела Меркел укажа на тоа дека доколку дојде до Брегзит без договор ќе дојде до зголемување на неизвесноста.

Германската канцеларка Ангела Меркел, по ставањето во примена на потпишаниот трговски договор меѓу Европската унија (ЕУ) и Јапонија почнувајќи од 1 февруари, престојува во посета на Јапонија, едниот од најзначајните трговски партнери на Германија. 

Внимание привлекува тоа што германската канцеларка Ангела Меркел и јапонскиот премиер Шинзо Абе се истакнуваат како бранители на меѓународниот поредок кој што е доста потресен, по трговските спорови помеѓу САД и Кина.

Во тие рамки, двете земји чии економиии се потпираат на извоз се очекува да соработуваат за да не дојде до пораст на споровите во глобалната трговија.    

Така за време на оваа посета во делегацијата на германската канцеларка Ангела Меркел се наоѓаат и високи функционери на германските гигантски компании како Сименс и Бајер, а воедно се очекува двајцата лидери Меркел и Абе да ги постават на маса и глобалното управување со податоци и одбраната.



Слични вести