Лавров: Со повлекувањето на САД од Договорот ИНФ не е влезено во период на „нова Студена војна“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека по повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ) не е влезено во период на "нова Студена војна"

1138607
Лавров: Со повлекувањето на САД од Договорот ИНФ не е влезено во период на „нова Студена војна“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одржа говор посветен на актуелни случувања на Киргиско-рускиот славјански Универзитет (КРСУ) во главниот град на Киргистан, Бишкек, каде што допатува во посета.

Лавров истакна дека со повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ) не е влезено во период на „нова Студена војна“.

Тој повлекувањето на САД од ИНФ го окарактеризира како „жалосно“ и рече: „Меѓутоа нема потреба да се говори за нова Студена војна. Веќе сме влезени во еден нов период во кој САД ги уништуваат сите системи за контрола на оружјето.

Велејќи дека од друга страна Русија не планира да влезе во нова трка во вооружување, Сергеј Лавров продолжи со следните зборови: „На заканите кои што се појавуваат поради повлекувањето на САД од договорот пак секако дека ќе одговориме од технички и воен аспект.  Овие мерки кои што ќе бидат преземени ќе бидат намирени од постоечкиот буџет на руското министерство за одбрана.“

Лавров ги обвини САД дека се обидуваат да ги земат под целосна контрола и разговорите кои што се водат со Талибан и рече: „Разговорите помеѓу владата и Талибан во Авганистан секој ги смета за неизбежни. Меѓутоа, САД се обидуваат да ги водат овие разговори тајно оставајќи ги притоа во мрак сите други земји. Овие видови еднострани иницијативи ги сметаме за себични.“ 

На едно прашање во однос на тоа пак „Дали Русија ќе отвори воена воздушна база на југот на Киргистан?“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече: „Во однос на ова прашање не добивме одредено официјално барање од Киргистан и ова прашање е во нивна иницијатива. Меѓутоа, подготвени сме за консултирање на секој вид безбедносно прашање со нашите киргиски пријатели.“

Инаку, американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно соопшти дека неговата земја ќе се повлече еднострано од ИНФ Договорот кој што беше потпишан со Советскиот Сојуз во 1987 година и кој  предвидува забранување на ракетите (проектилите) со дострел од 500 до 5.500 километри и на кои можат да се поставуваат нуклеарни боеви глави.

Рускиот претседател Владимир Путин пак ги обвини САД за прекршување на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ) и рече: „ И нашиот одговор ќе биде симетричен. САД соопштија дека го суспендираат Договорот, и ние го суспендираме.“

 



Слични вести