Израел започна со изградба на метален ѕид на границата со Газа, долг 65 километри и висок 6 метри

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека е започната изградбата на метален ѕид на границата со Газа во должина од 65 километри и височина од 6 метри

1137938
Израел започна со изградба на метален ѕид на границата со Газа, долг 65 километри и висок 6 метри

Израел започна со изградба на метален ѕид на границата со Газа, долг 65 километри и висок 6 метри.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека е започната изградбата на метален ѕид на границата со Газа во должина од 65 километри и височина од 6 метри.

Нетанјаху во дадената изјава на владината седница и за весникот „Israel Hayom“ истакна дека со металниот ѕид кој што почна да се гради на крајот на минатата недела на границата со Газа се има за цел да се спречи префрлувањето на Палестинците во Израел. 

Обраќајќи им се на Палестинците, Нетанјаху се закани со зборовите „Доколку не го зачуваат спокојството нема да се двоумиме да стапиме во акција против нив.“

Според весникот „Israel Hayom“, ѕидот што се гради ќе се наоѓа веднаш над изградениот систем против подземните тунели и ќе биде долг 65 километри и висок 6 метри. 

Ѕидот ќе биде опремен со најсовремена технологија и на запад ќе биде споен со подводниот и надводниот систем во Средоземното Море, за спречување на преминот на палестинските нуркачи во Израел. 

На југ пак, ѕидот ќе се протега до граничниот премин Керм Ебу Салим.



Слични вести