Путин: И ние го суспендираме Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ)

"И нашиот одговор ќе биде симетричен. САД соопштија дека го суспендираат договорот, и ние го суспендираме," - рече рускиот претседател Владимир Путин

1137594
Путин: И ние го суспендираме Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ)

Претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека и неговата земја го суспендира Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ).

Откако САД соопштија дека се повлекуваат од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ),  рускиот претседател Владимир Путин се состана со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

За време на оваа средба Путин потсети дека САД се повлекоа од Договорот ИНФ и рече: „ И нашиот одговор ќе биде симетричен. САД соопштија дека го суспендираат Договорот, и ние го суспендираме. Соопштија дека водат различни активности за истражување, развој и дизајн, и ние ќе го направиме истото.“

Путин застана во одбрана на тоа дека САД со изнесување на различни изговори ги одбиваат предлозите на Русија за разоружување.

„САД со ракетите (проектилите) кои што ги распоредија во Европа директно го прекршија договорот. Нема потреба да се преземаат повеќе иницијативи за преговори со САД во врска со ова прашање.“

Укажувајќи на тоа дека Русија истовремено не би требала да влезе во една скапа трка во вооружување, рускиот претседател Владимир Путин рече: „Со министерството за одбрана се согласивме дека треба да започне производството на суперсонични ракети (проектили) од среден дострел. Освен тоа ќе се подготви и план во правец на елиминирање на заканата од вооружување во вселената.“

Инаку, американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно соопшти дека неговата земја ќе се повлече еднострано од ИНФ Договорот кој што беше потпишан со Советскиот Сојуз во 1987 година и кој  предвидува забранување на ракетите (проектилите) со дострел од 500 до 5.500 километри и на кои можат да се поставуваат нуклеарни боеви глави.



Слични вести