Евреите од Етиопија во Израел демонстрираа против насилството на полицијата

По маршот, демонстрантите на плоштадот Рабин носеа плакати на кои пишуваше: „Сите животи се значајни“, „И животот на црнците е важен“

Евреите од Етиопија во Израел демонстрираа против насилството на полицијата

Евреите од Етиопија во Израел демонстрираа против насилството на полицијата

Евреите по потекло од Етиопија кои живеат во Израел одржаа протести против насилството на израелската полиција кое го спроведува врз нив.

Во судирите до кои дојде меѓу демонстрантите и безбедносните сили полесно беа повредени најмалку 4 полицајци.

Илјадници Евреи по потекло од Етиопија кои излегоа на улиците во знак на протест против убиството на 24 годишниот Јехуда Биадга кој беше застрелан од страна на полицијата, ја затворија улицата Ајалон во тел Авив која важи за една од најзначајните на градот.

Демонстрантите маршот го започнаа од улицата Авалон и тргнаа кон плоштадот Рабин и извикуваа слогани против насилствата на израелската полиција.

Демонстрацијата се одржа под засилени безбедносни мерки на израелската полиција и додека траеше се парализираше сообраќајот и живото во тел Авив.

По маршот, демонстрантите на плоштадот Рабин носеа плакати на кои пишуваше: „Сите животи се значајни“, „И животот на црнците е важен“.

Демонстрантите чиј број постепено почна да се зголемува, од Владата бараа што поскоро да свика вонреден состанок, повторно да започнат специјална и посебна истрага од онаа на полицијата во врска со убиството на Биадга.

Додека траеја протестите, на плоштадот Рабин меѓу демонстрантите и полицијата дојде до одредено зголемување на тензиите.

Демонстрантите фрлаа предмети врз полицајците кои се обидуваа да ги растераат демонстрантите.



Слични вести