Венецуелскиот претседател Николас Мадуро им се заблагодари на Русија, Кина, Турција за поддршката

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во својата порака напиша: „Им благодарам на Русија, Кина, Турција и на другите влади и светски народи поради нивната цврста поддршка на легитимно формираната влада на Венецуела. Благодарност за одлучната поддршка.“

1132698
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро им се заблагодари на Русија, Кина, Турција за поддршката

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро во соопштението што го објави на својата сметка преку социјалната медија им се заблагодари на Турција, Русија и Кина за укажаната поддршка против претседателот на Националното Собрание и лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо кој се прогласи за „привремен претседател“ на државата.

Нагласувајќи дека Венецуела не е сама, Мадуро во својата порака рече: „Им благодарам на Русија, Кина, Турција и на другите влади и светски народи поради нивната цврста поддршка на легитимно формираната влада на Венецуела. Благодарност за одлучната поддршка.“

Инаку, митинзите кои што завчера беа одржани од страна на приврзаницита на опозицијата и власта во Венецуела, доведоа до крајно значајни случувања од аспект на оваа латиноамериканска држава и општо регионот.

Претседателот на Националното Собрание во кое мнозинството е во рацете на опозицијата Хуан Гуаидо за време на мнитингот на опозицијата се прогласи за „привремен претседател“ и веднаш потоа најпрвин беше признат од страна на САД, а потоа и од земји како што се Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Коста Рика и Гватемала. 

Актуелниот претседател на Венецуела Николас Мадуро пак од балконот на претседателскиот дворец Мирофларес во главниот град Каракас им се обрати на илјадници Венецуелци и соопшти дека ги прекинува сите врски со САД кои ги обвини за обид за државен удар во неговата земја и им даде рок на американските дипломати за 72 часа да ја напуштат земјата.



Слични вести