Мадуро го повлекува целокупниот дипломатски персонал на својата земја од САД

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро истакна дека ќе бидат затворени амбасадата и конзулатите на неговата земја во САД и дека го повикува целокупниот дипломатски персонал да се врати во земјата

1132758
Мадуро го повлекува целокупниот дипломатски персонал на својата земја од САД

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро во говорот што го одржа во главниот град Каракас соопшти дека донел одлука за затворање на амбасадата на Венецуела во САД.

Мадуро истакна дека ќе бидат затворени амбасадата и конзулатите на неговата земја во САД и дека го повикува целокупниот дипломатски персонал да се врати во земјата.

Велејќи дека се прекинати сите дипломатски врски со САД, Мадуро рече: „Донесовме одлука за затворање на нашата амбасада и сите конзулати во САД. Го повикуваме назад и целокупниот дипломатски персонал. Тие ќе дојдат во сабота.“

Инаку, митинзите кои што завчера беа одржани од страна на приврзаницита на опозицијата и власта во Венецуела, доведоа до крајно значајни случувања од аспект на оваа латиноамериканска држава и општо регионот.

Претседателот на Националното Собрание во кое мнозинството е во рацете на опозицијата Хуан Гуаидо за време на мнитингот на опозицијата се прогласи за „привремен претседател“ и веднаш потоа најпрвин беше признат од страна на САД, а потоа и од земји како што се Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Коста Рика и Гватемала. 

Актуелниот претседател на Венецуела Николас Мадуро пак од балконот на претседателскиот дворец Мирофларес во главниот град Каракас им се обрати на илјадници Венецуелци и соопшти дека ги прекинува сите врски со САД и им даде рок на американските дипломати за 72 часа да ја напуштат земјата.

 

 



Слични вести