Лавров: Случувањата во Венецуела се груба интервенција во внатрешните работи на една суверена држава

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров случувањата во Венецуела ги окарактеризира како „груба интервенција во внатрешните работи на една суверена држава“

1132678
Лавров: Случувањата во Венецуела се груба интервенција во внатрешните работи на една суверена држава

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој престојува во посета на Алжир на одржаната заедничка прес-конференција со својот алжирски колега Абдлекадер Месахел направи проценка на последната ситуација во венецуела.

Според веста на руската новинска агенција „Риа Новости“, Лавров случувањата во Венецуела ги окарактеризира како „груба интервенција во внатрешните работи на една суверена држава“.

Во врска со развојот на настаните во Венецуела откако претседателот на Националното Собрание Хуан Гуаидо се прогласи за „привремен претседател“ на државата, рускиот министер за надворшени работи Сергеј Лавров потсети дека беа реализирани неколку обиди за симнување од власт на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, вклучувајќи и негово физичко елиминирање.

Лавров појасни дека САД и некои други земји ја признаа власта на самопрогласениот претседател и напомена дека додека САД изнесуваат обвинувања за тоа дека било интервенирано од надвор на нивните избори, тие самите се мешаат во внатрешните работи на другите нации.

„Ова признавање, значи дека постои нивна (на САД и некои други земји) интервенција во сериозната дестабилизација на внатрешните работи (на Венецуела) и создавањето на една вештачка сила исполнета со хаос.“ - рече Лавров.

Сергеј Лавров воедно нагласи дека Русија, во име на одбраната на националните интереси на Венецуела, е подготвена да работи заедно со сите одговорни држави.

 



Слични вести