Издадена директива до американскиот дипломатски персонал од втор степен да ја напуштат Венецуела

Во објавените вести во американските медиуми се истакнува дека била издадена директива до персоналот на задача од втор степен во амбасадата и конзулатите на САД во Венецуела да ја напуштат земјата

1132741
Издадена директива до американскиот дипломатски персонал од втор степен да ја напуштат Венецуела

Американскиот државен секретаријат издаде директива до персоналот на задача од втор степен во амбасадата на САД во Каракас да ја напуштат Венецуела.

Во објавените вести во американските медиуми се истакнува дека била издадена директива до персоналот на задача од втор степен во амбасадата и конзулатите на САД во Венецуела да ја напуштат земјата, но дека американскиот дипломатски персонал од прв степен ќе продолжи да ја извршува својата задача.   

Директивата за која станува збор била издадена поради тоа што било тешко да се воспоставува безбедноста на целиот персонал во дипломатско-конзуларните претставништва на САД во Венецуела, чиј број изнесува некаде околу 150 вработени.

Како што се истакнува, и покрај случувањата амбасадата на САД во главниот град Каракас ќе продолжи да работи и да биде отворена.

Освен тоа се наведува дека американскиот државен секретаријат ги издал предупредување до американските граѓани кои живеат во Венецуела да бидат подготвени да ја напуштат земјата.

Инаку, актуелниот претседател на Венецуела Николас Мадуро пак од балконот на претседателскиот дворец Мирофларес во главниот град Каракас им се обрати на илјадници Венецуелци и соопшти дека поради тоа што САД се обидуваат да извршат државен удар во Венецуела ги прекинува сите врски со САД и им даде рок на американските дипломати за 72 часа да ја напуштат земјата.

 



Слични вести