Претседателот на венецуелското собрание Гуаидо се прогласи за „привремен претседател на државата“

Претседателот на Националното Собрание на Венецуела Гуаидо пред своите поддржувачи рече: „Официјално, се колнам дека ќе ги преземам овластувањата од извршната власт како претседател на Венецуела со цел да добиеме преодна влада и слободни избори“

1131965
Претседателот на венецуелското собрание Гуаидо се прогласи за „привремен претседател на државата“

Претседателот на Националното Собрание на Венецуела Хуан Гуаидо на протестите против власта кои што се одржуваат во земјата се прогласи за „привремен претседател на државата“.

Гуаидо во говорот што го одржа за време на антивладините протести во венецуелскиот главен град Каракас, пред своите поддржувачи рече: „Официјално, се колнам дека ќе ги преземам овластувањата од извршната власт како претседател на Венецуела со цел да добиеме преодна влада и слободни избори.“ 

Упатувајќи повик до народот да го поддржува, Гуаидо рече: „Знаеме дека ова не е работа само со една личност и дека ќе има свои последици. Нема да дозволиме да се застане пред оваа голема национална сила и движење кое влева надеж.“

Самопрогласениот „привремен претседател на Венецуела“ Хуан Гуаидо исто така привлече внимание дека протестите против власта ќе продолжат и рече: „Дали ќе се измориме? Не. Ќе покажеме отпор се додека пристигне леб на трпезата на секој Венецуелец, се додека достигнеме до демократија, слобода, наново кон вода, приорден гас.“ 

 

 



Слични вести