Поддршка од Доналд Туск на самопрогласениот претседател на Венецуела Хуан Гуаидо

„Се надевам дека цела Европа ќе даде поддршка на демократските сили во Венецуела. Спротивно на Мадуро, Националното собрание и Хуан Гуаидо  располага со демократските овластувања на венецуелските граѓани.“ - напиша Туск на Твитер

1132292
Поддршка од Доналд Туск на самопрогласениот претседател на Венецуела Хуан Гуаидо

Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Доналд Туск изрази поддршка на претседателот на Националното Собрание на Венецуела Хуан Гуаидо кој се прогласи за „привремен претседател на државата“.

Туск во пораката што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Се надевам дека цела Европа ќе даде поддршка на демократските сили во Венецуела. Спротивно на Мадуро, Националното собрание и Хуан Гуаидо  располага со демократските овластувања на венецуелските граѓани.“

Претседателот на Националното Собрание на Венецуела Хуан Гуаидо во говорот што го одржа на антивладините протести во венецуелскиот главен град Каракас, пред своите поддржувачи рече: „Официјално, се колнам дека ќе ги преземам овластувањата од извршната власт како претседател на Венецуела со цел да добиеме преодна влада и слободни избори.“

Американскиот претседател Доналд Трамп исто така објави писмено соопштение во кое истакна дека го признава Гуаидо за „привремен претседател“.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна претседателот на Националното Собрание на Венецуела Хуан Гуаидо кој инаку се наоѓа под контрола на опозицијата, за „привремен претседател" на државата, актуелниот претседател на Венецуела Николас Мадуро соопшти дека ги прекинува сите дипломатските и политичките врски со САД и застана во одбрана на тоа дека САД организираа државен удар против легитимната влада во земјата.

Маудор побара од американските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 часа.

Од друга страна, и Канада и јужноамериканските земји Бразил, Колумбија и Парагвај соопштија дека го признаваат Гуаидо за „привремен претседател“ на Венецуела.

Колумбискиот претседател Иван Дуке, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и парагвајскиот претседател Марио Абду Бенитез на своите сметки на социјалната мрежа Твитер објавија изјави со поддршка на Гуаидо.



Слични вести