Апел од Обединетите нации за намалување на тензијата во Венецуела

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дујарич, објави писмено соопштение во кое се вели дека генералниот секретар Антонио Гутерес е загрижен од неспокојството и вестите за цивилни загуби за време на протестите во Венецуела

1132593
Апел од Обединетите нации за намалување на тензијата во Венецуела

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес упати повик до сите актери во ситуацијата во Венецуела за намалување на тензијата и за вложување на секој вид напор за спречување на насилството и затегнатоста.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дујарич, кој присуствува на 49'от Светски економски форум во швајцарското градче Давос објави писмено соопштение во кое се вели дека генералниот секретар Антонио Гутерес е загрижен од неспокојството и вестите за цивилни загуби за време на протестите во Венецуела.

Дујарич наведе дека Гутерес упатува повик за независно истражување на настаните кои што се доживуваат во оваа земја.

Велејќи дека генералниот секретар на светската организација Гутерес „во ова критично време“ апелира до сите актери во ситуацијата во Венецуела за намалување на тензијата и за вложување на секој вид напор за спречување на насилството и затегнатоста, Дујарич напомена дека ја подвлекол потребата сите актери во врска со кризата која што продолжува долго време во земјата на „сеопфатен и убедлив“ начин да стапат во политички дијалог, покажувајќи притоа целосна почит кон владеењето на правото и човековите права.

Инаку, претседателот на Националното Собрание на Венецуела Хуан Гуаидо изјави дека не ја признаваат власта на претседателот на државата Николас Мадуро и себе си се прогласи за „привремен претседател“ на Венецуела.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Трамп исто така му даде поддршка на опозицискиот лидер на Венецуела и изјави: „Се надевам дека цела Европа ќе даде поддршка на демократските сили во Венецуела. Спротивно на Мадуро, Националното собрание и Хуан Гуаидо  располага со демократските овластувања на венецуелските граѓани.“



Слични вести