Рекорден број на азиланти од Германија испратени во ЕУ

8 658 бегалци азиланти за кои беше усвоена одлука да ја напуштат Германија, беа екстрадирани во своите земји

1131729
Рекорден број на азиланти од Германија испратени во ЕУ

Бројот на кандидатите азиланти кои Германија во 2018 година ги испрати во земјите членки ан ЕУ се искачи на рекордно ниво од над 8 илјади лица.

Германскиот весник Зидојче цајтунг во веста која ја објави врз основа на информациите од Сојузното министерство за внатрешни  работи истакна дека бројот на кандидатите азиланти кои Германија ги екстрадира во земјите членки на ЕУ се искачи на рекордно ниво.

Според веста, 8 658 бегалци азиланти за кои беше усвоена одлука да ја напуштат Германија, беа екстрадирани во своите земји.

Бројот на депортираните лица во 2017 година од Германија изнесуваше 7 102.

Федералната управа за миграции и бегалци на Германија до земјите членки на ЕУ им се обрати да ги преземат 51 558 бегалци кои во 2018 година пребегнаа во оваа земја. 35 375 од пријавените наидоа на поволен одговор, додека екстрадицијата на поголемиот број бегалци беше остварена во Италија.

Поголемиот број од бегалците во 2018 година беа екстрадирани на Грција, додека 7 205 бегалци на останатите земји членки на ЕУ.

Според 3-та уредба на ЕУ од Даблин, дејствијата во врска со бегалецот азилант се вршат во земјата членка на ЕУ во која стапнал.



Слични вести