Остри реакации на Иран против Германија и САД

Одлуката на Германија е избрзана и необјаснива

1131121
Остри реакации на Иран против Германија и САД

Иран остро реагираше против укинувањето на дозволата за летање на авиокомпанијата Махан од страна на германската влада како и продолжувањето на притворот на иранската ТВ-водителка Мерзије Хашим од страна на САД.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран Бехрам Касими во писменото соопштение во врска со случувањата изрази жалење поради одлуката на германската влада.

Одлуката на Германија е избрзана и необјаснива.

Овој потфат најверојатно произлегува од погрешните информации кои ја достави страната која не е задоволна од односите меѓу двете земји, рече Касами.

Портпаролот на Министерството за транспорт на Германија Симон Бусер во понеделникот на прес конференцијата во федералниот прес центар рече дека се укинува дозволата за летање на иранската авиокомпанија Махан.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Германија Кристофер Бургер во врска со основата за усвојување на одуката ги изнесе активностите на иранската разузнавачка служба во Европа и судирите на Иран на Блискиот Исток.

Од друга страна пак Касами во врска со продолжувањето на притворот на иранската ТВ-водителка Мерзије Хашими во САД, рече дека амбасадорот на Швајцарија во Техеран Маркус Леитнер кој е одговорен за интересите на САД во Иран, беше повикан на разговор во Министерството.

Касими рече дека на амбасадорот Леитнер му беше врачена нота поради продолжувањето на притворот на Мерзије Hашими во САД.

Водителката на ТВ-канал „Прес ТВ“ кој е поврзан за иранската државна телевизија и се емитува на англиски јазик, црнкињата од американско потекло Мерзије Хашими минатата недела во рамките на посетата на семејството во Сент Луис во сојузната држава Мисури беше притворена.

ТВ-канал „Прес ТВ“ во веста што ја објави врз основа на изјавите на блиските на водителката истакна дека Хашими беше притворена од страна на Федералното истражно биро (ФБИ) на САД и испратена во притвор.

Во веста се истакнува дека иранската новинарка во моментот кога била притворена, агентите на ФБИ присилно сакале да и ја извадат шамијата и во центарот за притвор била лишена од халал храна.



Слични вести