Нова експлозија во центарот на Африн во Сирија

Во нападот со возило бомба за кој што се претпоставува дека е извршен од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, немаше загинати или ранети

1131702
Нова експлозија во центарот на Африн во Сирија

Во центарот на градчето Африн во Сирија експлодира возило бомба.

Во нападот за кој што се претпоставува дека е извршен од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, немаше загинати или ранети.

Возилото натоварено со бомби експлодира утрово во близина на културниот центар во центарот на Африн.

Тоа што безбедносните сили пред експлозијата го забележаа возилото и ги одалечија цивилите од местото на настанот, спречи да дојде до можни човечки загуби.

По експлозијата безбедносните сили ги засилија мерките во центарот на Африн.

Притоа на една улица беше пронајдено уште едно возило бомба.

Екипите веднаш дојдоа на местото на настанот и ја демонтираа бомбата.

Одговорноста за нападите не ја презеде никој.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и во недела изврши два напади во центарот на градчето Африн чија цел беа цивили.

Во овие два напади животот го загубија две лица, а 8 лица беа ранети.



Слични вести