Израелски воени авиони извршија напад на област на Хамас во Појасот Газа
Според добиени информации од очевидци, израелски воени авиони ја гаѓаа областа Ашкелон на Бригадите Изедин ел-Касам, политичкото крило на Хамас, инаку област која се наоѓа западно од Бејт Лахја, во Појасот Газа

Израелски воени авиони реализираа напад на област на Хамас во северниот дел на Појасот Газа, кој од 2006 година се наоѓа под израелска блокада.
Според добиени информации од очевидци, израелски воени авиони ја гаѓаа областа Ашкелон на Бригадите Изетин ел-Касам, политичкото крило на Хамас, инаку област која се наоѓа западно од Бејт Лахја.
Нападот предизвикал сериозна штета во областа и станал причина за појава на паника меѓу народот.
Од страна на палестински надлежни органи засега не е објавено било какво соопштение во врска со тоа дали во нападот за кој станува збор има загинати или ранети.
Израелската армија претходно соопшти дека вчера од страна на Газа бил отворен оган од снајперист врз нејзини војници и дека еден војник бил полесно ранет.
По овој настан, израелската армија отвори тенковски оган врз Газа при пшто во нападот загина еден Палестинец, а четворица Палестинци беа ранети од кои еден потешко.