Стартува Светскиот економски самит во Давос

Главна тема на годинашниов Самит во Давос се климатските промени, кризата во Јемен и Сирија

1130778
Стартува Светскиот економски самит во Давос

Во Давос стартува Светскиот економски форум на кој учествуваат угледни политичари и бизнисмени од целиот свет.

Најголемо внимание на годинашниот 49-ти Светски економски самит во Давос кој е познат со учеството на голем број светски лидери е податокот дека на годинашниов самит не учествуваат лидерите на 5-те постојани земји членки на СБ на ОН како што се САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија.

Главна тема на годинашниов Самит во Давос се климатските промени, кризата во Јемен и Сирија, подемот на популизмот, проблемот со миграциите, борбата против сиромаштијата, процесот на повлекувањето на Обединетото Кралство од ЕУ (Брегзит), забавената глобална економија и реакциите на централните – народни банки наспроти евентуалната стагнација.

Познато дека американскиот претседател Доналд Трамп на самитот во Давос не ќе може да учествува поради затворањето на владата, додека британската премиерка Тереза Меј не ќе може да учествува поради кризата Брегзит со ЕУ.

Европските медиуми за неучеството на францускиот претседател Емануел Макрон алудираат на протестите и демонстрациите на „Жолтите елеци“ во Франција кои траат подолг временски период.

На самитот се очекува да учествуваат германската канцеларка Ангела Меркел, јапонскиот премиер Шинзо Абе, белгискиот премиер Шарл Мишел и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.

На годинашниов самит се очекува да бидат пречекани околу 2500 високи гости. Турција на Самитот во Давос ќе ја застапуваат министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерката за трговија Рухсар Пекџан у претседателот на Централната банка Мурат Четинкаја.



Слични вести